Оваа хит диета е многу популарна, а нејзиното основно правило е да јадете банани за појадок со една или две чаши со млака вода.

Една банана е потребна за појадок, а максимално дозволеното количество е четири банани секое утро. Другите оброци треба да бидат лесни, помали и почести. Нема посебни строги правила за остатокот од исхраната во текот на денот.

Јадете нормален ручек и вечера, но не претерувајте.

Оригиналната диета се држи 7-12 дена. Дозволено е да пиете чај или кафе од време на време, но препорачливо е да ги избегнете додека сте на диетата. Она што е важно е дека треба да го исфрлите алкохолот. Ако не можете да одолеете на слатки, земете  малку црно чоколадо, но не подоцна од 15 часот. Ако сакате солени грицки, подгответе пуканки со минимално масло и сол.

Последениот оброк треба да биде околу 20 часот, иако би било идеално да не јадете по 18 часот. Ако почувствувате глад ​​по препорачаното време, земете парче свежо овошје, но внимавајте тоа да не мине во навика.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛеoпард дезенот е хит на сезоната!
Следна објаваЧајници MacKenzie-Childs во ретро стил!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР