Мон Сен Мишел (француски: Le Mont Saint-Michel; буквално: Планина Сен Мишел) — остров и општина во Долна Нормандија, Франција. Се наоѓа на околу еден километар од северозападниот брег на земјата, на устието на реката Куеснон во близина на Авранш. Островот е голем 100 хектари, а населението брои 44 луѓе (2009).

Островот има стратешки утврдувања уште од античките времиња, а од 8 век од н.е. е седиште на манастирот од кој го добил своето име.Структурната композиција на градот е пример за феудалното општество кое го изградило. На врвот се Бог , опатијата и манастирот , под нив се наоѓаат големите сали , потоа продавниците и куќите, и на долниот дел , надвор од ѕидовите, куќите на рибарите и фармерите. Тој е лесно достапен за бројните верници на неговата опатија за време на осека, поради неговата уникатна позиција на остров, кој се наоѓа на само 600 метри од копното. Исто така, тој е лесно одбранлив поради неговата позиција ,бидејќи благодарение на плимата напаѓачите биле заробувани или се давеле. Со капитализирање на оваа природна одбрана, планината не беше освоена за време на стогодишната војна , благодарение на малиот гарнизон кој успешно ја одбрани против нападот од страна на Англија во 1433 година. Придобивките од неговата природна одбрана не биле загубени ни за време на Луј XI кој ја претвори планината во државен затвор, а потоа опатијата почна да се користи редовно како затвор за време на Античкиот Режим во XVI век. Мон Сен Мишел и неговиот залив се едни од најпрепознатливите обележја на Франција,тие се дел од списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО и повеќе од 3 милиони луѓе ги посетуваат секоја година.

Плима и осека

Плимата и осеката може да варирaат во голема мера, околу 14 метри (46 стапки на плажите на соседниот брег. Полдеризацијата и повремените поплави создале ливади од сол и блато, кои се совршено прилагодени за пасење овци . Од добро зачинетото месо што произлегува од исхраната на овците во pré salé (солената ливада), се прави agneau de pré-salé (јагнешко од солената ливада ) ,локален специјалитет што може да се најде на менијата на рестораните, кои зависат од приходите од бројните посетители на планината.

Le Mont Saint-Michel in Normandy, France

An island castle in France ???

Posted by Must Do Travels on Friday, 23 February 2018

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМногу изненадувања и подароци за првиот училишен ден во Скопје Сити Мол!
Следна објаваТексас здолништата се секогаш во мода!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР