Манарола – Италија

Постојат градови кои изгледаат како од бајките.

Гратчето Манарола се наоѓа на брегот на Лигурското Море, ракав на Средоземното море и датира од 1338-та година. Mногуте генерации на традиционално одгледување на лозови насади, резултира со плодови кои се користат за правење на Лигурското вино, едно од најубавите вина во Европа. Во крајбрежјето на градот нема плажи, но тоа не ги спречува мештаните како и туристите да уживаат во пливањето во малото, но длабоко езерце во средина на гратчето. Позната туристичка активност во Манарола е пешачењето по познатите пешачки патеки кои водат кон бујно вегетативните ридови и виновите насади во околината, како и оние кои водат кон другите гратчиња од групата Cinque Terre. Карактеристика на ова шармантно италијански гратче е специфичната архитектура, куќите обоени во разнобојни фасади и скалесто изградени на повеќе нивоа на карпата. Манарола со прекрасниот природен пејзаж и архитектурата која придонесува на визуелниот аспект, служи како инспирација на многу уметници и важи за еден од најфотографираните мали градови во светот.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп “Babe” – Летен хит!
Следна објаваЕве го фустанот кој ќе го носат трендсетерките оваа есен!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР