На 10 август во Охрид, во куќата на Робевци, беше отворена изложба со наслов “Антологија на македонското сликарство II, (1950-1965)”. Поставката содржи дела од наши реномирани автори и нивното творештво во периодот од 1950 до 1965 година.

Изборот на делата е од збирката на современа уметност при Заводот за заштита на спомениците на Култура и Музејот на Град Охрид.

Изложбата ќе биде отворена до 4 октомври, а посетителите ќе имаат можност да видат дела од Петар Мазев, Драгутин Аврамовски-Гуте, Борко Лазески, Иван Велков, Спасе Куноски, Томо Шијак, Димитар Кондовски, Миле Корубин, Љубодраг Маринковиќ-Пенкин, Борислав Трајковски, Ванчо Георгиев, Јован Димоски, Трајче Николовски и Јосиф Трајковски.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР