Елвис Руди – флејта, Албанија Марин Ѓолма – пијано, Албанија

15.08.2018

21:00 ч.

Црква Св.Софија

Формирањето на првата класа на флејтисти во Албанија била резултат на голема волја и напорна работа на оние кои биле професори на тогашниот уметнички „лицеум“ (вид на средно уметничко образование). Ова е и времето кога Елвис Руди започнува да го изучува инструментот флејта под менторство на Мирела Селеница и Исуф Спахиу. Своите студии ги завршува на Универзитетот за музика во Букурешт, кај професорот Виргил Франк, по што се враќа во Тирана, каде започнува да работи како асистент-предавач на Академијата за уметности. Подоцна оваа институција е преименувана во Универзитет за уметности, а титулата на Руди прераснува во асистент-професор. Деветмесечната стипендија од Конзерваториумот во Париз му овозможува усовршување со Пјер Ив Артод и Софи Шериер. Во текот на овие години, значаен е неговиот придонес во интерпретацијата и промоцијата на албанската современа музика.

Марин Ѓолма своите додипломски, постдипломски и докторски студии ги завршува на Универзитетот за музика во Карлсрух, Германија, под менторство на познатата бразилска пијанистка Фани Солтер. По ова следи неговото усовршување на мајсторски курсеви кај познати професори и музичари. На полето на камерната музика соработувал со еминентни артисти, меѓу кои и Мартин Остертаг, како и бројни оркестри. Од 1996 до 2018 година, одржува серија концерти во Албанија и Германија, а исто така учествува и на значајни интернационални фестивали, како „Јанис Папајоану“ во Грција, „Алегрето Албанија“, фестивалот „Различни возови“ во Тирана, фестивалот на камерна музика „Чембер фест“ во Драч и други. Добитник е на повеќе награди на национални и интернационални натпревари по пијано од 1998 до 2011 година.

 

Програма:

Филип Гобер (1879-1941): Соната за флејта и пијано, бр. 2

  1. A l’aise, mais sans lenteur
  2. Andante
  3. Assez vif

 Фридрих Кулау (1786-1832): Голема концертна соната оп. 85

  1. Allegro con passion
  2. Allegro assai – Trio – Scherzo
  3. Adagio
  4. Allegro poco agitato

 Пјер Санкан (1916-2008): Сонатина за флејта и пијано

  1. Moderato
  2. Andante espressivo
  3. Animé
СПОДЕЛИ
Претходна објаваDOLCE & GABBANA: Рекламната кампања наменета за мажи есен / зима 2018!
Следна објаваНови Adidas Stan Smith патики!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР