Не попусто се вели дека големата љубов е многу посилна и од смртта. Во историјата на литературата ваква љубов била неостварената љубовна приказна помеѓу рускиот поет Владимир Мајаковски и Татиана Јаковлева. Оваа трогателна приказна започнува токму во градот на светлината и љубовта, Париз.

Есента 1928 година по неговото повторно враќање во француската престолнина тој ја запознава младата руска аристократка Татиана Јаковлева. Мајаковски бил човек полн со хумор и сарказам, многу отворен и директен во односот кон луѓето за време на своите учества на литературните настани во тоа време. Илја Еренбург го опишал Мајаковски на следниов начин: „Понекогаш беше неиздржливо невесел и болно внимателен. Поради оваа негова страстна, а во истовреме многу сензибилна природа, тој на некој начин ја исплашил Татиана. Таа всушност и не ја разбирала неговата поезија, но тој не се откажувал од нејзе и понатаму се трудел да ја фасцинира својата љубена.

Од оваа страсна љубов која до ден денешен го фасцинира светот останала само неизмерна тага и една песна насловена како Писмо до Татиана Јаковлева, а започнува со зборовите; “Еднаш ќе те имам за себе, сама или заедно со Париз”.

Страствен, безрезервен и по малку див, не можејќи да ја има за себе убавата русинка, се решил на еден гест кој е сонот на секоја жена. Сите хонорари кои ги добил за време на литературните читања ширум Париз, тој решил да ги стави на сметка на тогашна најпознатата цвеќера, барајќи од нив да и доставуваат свежо цвеќе на Татиана неколку пати во неделата. Иако не му ја возвратила љубовта Татиана на некој начин била поврзана со него знаејќи дека постои човек кој безрезервно ја сака. Сето тоа на некој начин влијаело на случувањата во нејзиниот живот.

Мајаковски трагично го завршува својот живот на 36 годишна возраст. Ова е неговата последна песна!

„Случајот е целосно јасен“,

На брегот на живеењето

се скрши љубовниот брод.

Со животот ги заклучив сметките,

не треба список гласен

на заемните болки,

навреди

и каранции.

Останете среќни

Владимир Мајаковски

 

Последното писмо на Владимир Мајаковски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР