Kлучни витамини и минерали кои им недостасуваат на повеќето жени!

Kлучни витамини и минерали кои им недостасуваат на повеќето жени!

Бројот на млади жени кои немаат клучни витамини алармантно расте, а главна причина се диетите на кои им се подложуваат.

Калиум, бакар и магнезиум се само некои од клучните витамини и минерали кои им недостасуваат на денешните жени, а особено се загрозени тие помеѓу 20 и 30 години. Уште некои витамини и минерали кои недостасуваат во исхраната на современите жени се железото, калциумот и јодот.

На просечната жена во просек и недостасуваат седум од осумте клучни минерали, а на просечниот маж, пет од осум.

Клучни витамини и минерали кои се од суштинско значење за функционирањето на телото:

Магнезиум, важен е за доброто функционирање на мускулите, неопходен во работата на нервниот систем и неизбежен за здрави коски. Ќе го најдете во зелен зеленчук, млеко, семе од сончоглед и индиски орев.

Калиумот, како и магнезиумот, е од суштинско значење за нервниот систем и мускулите. Покрај тоа, го регулира крвниот притисок. Ќе го најдете во житарици, мешунки, месо и млеко.

Бакарот помага да се користи енергијата од храната, помага во одржување на бојата на косата и кожата и помага во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Ќе го најдете во мешунките, црниот дроб и оревчестите плодови.

Селенот помага во формирањето на сперматозоидите и игра голема улога во зајакнувањето на имунитетот. Исто така помага во здравјето на косата и ноктите, и се наоѓа главно во морската храна и бразилски ореви.

Јодот е од суштинско значење за производство на хормоните за раст, особено за мозокот. Се наоѓа во млекото и морски плодови.

Железо помага во формирањето на црвените крвни клетки. Се наоѓа во црвеното месо и јајцата.

Цинкот е неопходен за плодноста и го има во оревчестите плодови и црвеното месо.

Калциумот е од суштинско значење за здрави коски, силни мускули и згрутчување на крвта. Го има во млечни производи, конзервирана риба и зелен зеленчук.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваGreen Room – Место за совршен коктел во Лондон!
Следна објаваКако да го забрзате растот на трепките
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР