Голем број на луѓе страдаат од мачинина за време на патувањето …
Една од три личности имаат симптоми на гадење за време на возењето барем еднаш во својот живот.

Решение за оваа широко распространета состојба, исто така е познато како кинетоза, која влијае на повеќе од 30 милиони луѓе во Европа.

Природни лекови кои можат да ви помогнат против мачнина и вртоглавица:

Чаеви
Мачнината може да се реши со пиење на чај од камилица за смирување на евентуални грчеви и болки во стомакот. Против мачнината помага и чај од лаванда и роза.

Подгответе чај на вообичаениот начин, но не додавајте шеќер или мед, бидејќи тоа може да предизвика спротивен ефект од посакуваниот.

Ѓумбир
Бројни студии докажаа дека ѓумбирот е одличен лек против мачнината. Ги намалува непријатните ефекти, без оглед на тоа дали го консумирате во свежо или исушено издание. Доволно е да земете едно мало парче свеж ѓумбир (не повеќе од коцка 1×1 см), половина час пред патување или со малку течност да земете половина лажичка ѓумбир во прав и така да се спасите од мачнината во текот на следните неколку часа.

Етерично масло од нане
За да ја спречите мачнината при патувањето, исто така можете да го користите етеричното масло од нане. Ставете една или две капки од ова етерично масло на шамиче половина час пред патувањето, па длабоко дишете низ него. Доколку е потребно, можете да го повторите истото за време на патувањето ако повторно почувствувате непријатни симптоми. Сепак, етеричното масло од нане може да влијае на крвниот притисок, така да овој начин на ублажување на мачнина не се препорачува за бремени жени, доилки, мали деца или луѓе кои страдаат од висок крвен притисок

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗапознајте ги арапските газели – жени кои возат неверојатно скапи автомобили!
Следна објаваЛето во нови H&M модели – Riviera Dreaming!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР