Тие кои тврдат дека жените не знаат да возат, ќе го променат своето мислење по овој текст …

Жените знаат да возат обични автомобили, супер автомобили и луксузни автомобили, исто како и мажите. Постојат голем број на жени во светот на кои им досадило да седат на совозачкото седиште и да бидат убави доека мажите ги возат наоколу.

Запознајте ги Arabian Gazelles, жени кои ги освојуваат социјалните мрежи со нивната неверојатно популарна страна на instagram.

Околу 80 жени од 17 нации се дел од овој исклучително женски супер клуб-љубителки на супер автомобили. Овие дами веруваат дека суперавтомобилите не се наменети само за мажите, а нивниот клуб е основан од Hanan Mazouzi Sobati. Таа го одржала првиот настан со својата соседка на тркачката патека, а остатанатото веќе е дел од историјата.

Набргу потоа, се повеќе и повеќе жени се приклучиле на нивната приказна, па почнале да парадираат низ градовите во нивните сакани автомобили, купени од нивните ултра-богати мажи.

Како што вели Собати, кога таа и пет други членки биле да го тестираат Ферари Калифорнија Т од 200.000 долари, излегле со две нарачки. Замислете ја само среќата на нивниот продавач!

Во град како Дубаи, овој клуб има совршена смисла. Жените во овој град, кои се олицетворение на богатство, скапите автомобили ги купуваат како што работничката  класа ги купува намирници за таа недела.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМисони со аксесоари за базен!
Следна објава3 природни средства за ублажување на мачнина при патување!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР