Дали и вие работниот ден го започнувате со кафе и зошто воопшто го пиеме кафето?

Причината може да биде нејзиниот примамлив вкус, позитивното влијание врз концентрацијата и продуктивноста, или пак тоа што е одличен повод за пауза и разговор. А можеби заради сето тоа погоре!

Бројни студии покажуваат дека кај вработените кои прават заедно кафе паузи, се чувствува поголем тимски дух и ја зголемува желбата за работа.

Интересно е тоа, дека терминот “кафе пауза” го смислило американското биро за кафе во 1952 година, со цел да се зголеми потрошувачката на кафе, со слоганот:

“Дозволете си кафе пауза и искористете ги нејзините потенцијали”.

А дали сме свесни за сите потенцијали кои ги крие кафето? Тоа што е во кафето, се често заборавените антиоксиданти! Антиоксидансите се соединенија кои се важни за неутрализирање на вишокот слободни радикали и спречување на нивните штетни ефекти. Со редовна и соодветна доза, овие соединенија придонесуваат за зачувување на здравјето, забрзување на метаболизмот и спречување на задржување на течности додека се елиминираат токсините од телото. И борбата против слободните радикали го спречува создавањето на оксидативниот стрес во нашето тело.

За важноста на антиоксидантите, повеќето луѓе мислат на овошјето и зеленчукот. Но, кафето е одличен извор на антиоксиданти. Интересно, во однос на нивната количина кафето е на прво место, пред црниот, зелениот чај, црвеното вино и какаото.

Причината за ова е хлорогенската киселина, една од најмоќните антиоксиданти, пронајдена во сировото кафе.

Барајте на пазарот кафиња со додаден природен сиров екстракт од кафе.

Според ова, кафе паузата е добар избор за подобри колегијални односи, како за продуктивноста, така и за поздрави одлуки.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваLALIQUE го креираше најлуксузното шише за коњак!
Следна објаваПапучите Birkenstock на Louis Vuitton се нашиот фаворит за ова лето!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР