Убавините на недоволно допрените природни предели се секогаш примамливи за посетителите и туристите. Тоа е така затоа што тука може да се ужива во мирната атмосфера, слушајќи ги звуците на морските бранови кои ќе ве пренесат во една блажена состојба на духот и телото.

Таква природа е онаа  за нас помалку познатиот грчки остров Милос кој се наоѓа во Егејското море лоциран помеѓу Атина и остовот Крит. Ова мало островце е едно од многуте на Kikada кое е најблиску до пристаништето Пиреј.

Туристите овде не може да најдат многу забавни содржини како што се дискотеки или кафулиња, но за ваква убавина сето тое е непотребно. Една од најубавите плажи е “Sarakiniko” која настанала од бел вулкански пепел. Уште една атракција на островот е “Papafragas”, канјон низ кој можете слободно да пливате.

Драги наши читатели, ако се уште не сте се одлучиле каде да одите на одмор годинава, ние ви го предложуваме островот Милос.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР