Можеби меѓу туристите Дубаи е најпопуларен, но соседната земја Катар и нејзиниот главен град Доха, се прогласени за најдобра и најлуксусна дестинација на Блискиот Исток.

Малата држава Катар, богата со нафта и гас, сега и официјално е најбогатата земја на светот, бидејќи неодамна го надмина Луксембург со највисок бруто приход по глава од околу 105.000 долари. Овде, многумина живеат на висока нога со гламур и неверојатен луксуз.

Откако Доха беше одбрана да биде домаќин на Светскиот куп во 2022 година, глобалното внимание е фокусирано на овој град каде што мнозинството од населението е составено од странци кои ја изградиле оваа прекрасна метропола во средина на пустината.

И додека поголемиот дел од населението во овој град денес се милионери или милијардери, пред помалку од еден век, Катар живеел во екстремна сиромаштија, а денес е лидер во многу области.

Од сиромаштија нема ни трага и сега можеме да разговараме само за тоа кој облакодер е поголем во Доха, кој трговскиот центар е поголем и по-луксузен, која џамија е најфасцинантна или кој хотел е најлуксузен.

Користењето на енергетските извори е започнато во 40-тите години од минатиот век, а пред тоа, жителите на Катар живееле главно од риболов и вадење на бисери. Катар располага со резерви на природен гас, а резервите на нафта се 15 милијарди барели. Таму образованието, здравствената заштита, водата и електричната енергија се бесплатни.

Покрај идеалните услови за живеење (на страна високите температури) еве што се можете да направите и да видите во Доха ако ја посетите.

Шопинг е тука искуство како на друга планета

Можете да купите сокол како милениче

Да одите на трки со камили

Да се восхитувате на островите што ги направил човекот

Хотели тука имаат нов концепт на луксуз

Доха е културен центар

Доха е кулинарска Мека

Најдобар период за посета на Доха е од ноември до март, кога температурите се во просек околу 25 или 26 степени, додека во јуни, јули и август температурите се  високи и со многу влага.

Доха мора да ја доживеете со сите сетила.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛауреат на “Златната камера 300 за животен опус”, на 39 Иффк Браќа Манаки е ….
Следна објаваШакира ја продава својата вила во Мајами за 11.648 милиони долари!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР