Средба со горилите во Уганда

Ако сонот од вашето детство е да ги запознаете најголемите горили, тогаш за вас е како создадена петодневната турнеја Abercrombie & Kent во Уганда.

Во турнејата влегува посета на зелениот Национален парк Bwindi каде што живеат горилите, а тоа е навистина едно незаборавно искуство. Кога ќе ги видите за прв пат, не заборавајте дека не се работи за Кинг Конг – иако тие се многу моќни, тие се многу слатки, а понекогаш и срамежливи.

Локалните заедници, имаат многу важна улога во заштитата и зачувувањето на овие величествени горили, со менување на ставот за ловење на овие величествени животни.

Горилите одамна се сметаат за загрозен животински вид. Повеќе организации во регионот на централна Африка се обидуваат ги заштитат овие животни. Уганда може да се пофали дека успева во тоа.

Уганда се надева на развој на горила-туризмот, од кој би профитирало и локалното население. Сепак, опасноста за горилите не е исчезната. Ловокрадциte често ги напаѓаат животните, го продаваат нивното месо, главите и рацете како трофеи. Младите горили се продаваат на зоолошки градини или како домашни животни. Активистите имаат уште многу едукативна работа пред нив.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМанго: Сандали кои секоја облека ја прават посебна!
Следна објаваНеобични и функционални ноќни комоди!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР