Стрип центарот на Македонија (СЦМ), кој е со седиште во Велес, именувано по прерано починатиот стрип-мајстор Љупчо Филипов, одлучи годинешното признание да му биде доделено на уметникот и стрип-автор Игор Стевковски-Стевац.

Стевковски е роден на 17 март 1976 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, отсек графика. На публиката и е познат како илустратор на стрипот кој излегува во неделникот “Фокус”. Во овој стрип кој излегува веќе 14 години по ред е претставена целата македонска политичка сцена а при тоа без пардон е критикувана секоја наредна власт за своите недостатоци и тоа се разбира на комичен начин.

Досегашни добитници на признанието „Љупчо Филипов“ се: Миле Топуз, Диме Иванов Димано, Александар Сотировски, Ване Трајков,  „Тајфа Арт“, Томислав Османли, Дарко Марковиќ, Иванка Апостолова, Киро Донев, редакцијата „Детска радост“, Оливер Ромевски, Стрип-книжарницата „Бункер“, Галерија и списание „Остен“, Томе Трајков,  Александар Стеванов.

Голема благодарност до уметникот за искористениот материјал!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР