Секоја презентација на Вашите дела предизвикува голем интерес кај стручната публика и пошироката јавност. Бевте претставени и на изложбата “Хиперреализмот денес” која го обиколи светот.

Минатата сабота (09.06.2018), бевте едно од познатите уметнички имиња кои го отворија уметничкиот фестивал “Арт Капитал” во Унгарија, во друштво на уметници кои негуваат различни уметнички форми, како Јоко Оно и други.

DivianArts: Кој е моментот кој ве поврзува со нив, ако предходниот пат беше хиперреализмот, за што сега станува збор?

Башески: На почетокот морам да напоменам дека минатата година бев учесник на овој фестивал како дел од проектот на KIBLA ( mig 21) со неколку мои дела, а сега сум поканет со моето најново дело „Asphyxia” (Гушење) и ја имав таа чест да бидам дел од свеченото отворање на настанот. Точно е дека Хиперреализмот денес е со сосема друг концепт, за што јас мислам дека се потврдува она што јас често го кажувам, дека уметничката форма или естетиката во која авторот се изразува воопшто не е важна, туку само делото со својата убедливост и јасна порака која може на некој начин секој да ја прочита и доживее, а тоа е се.

DivianArts: Ако уметниците на 20 век беа и се уште во 21 век се преокупирани со формата и содржината кои наизменично ја менуваат својата улога, што тоа би значело во Вашиот уметнички опус и дали има тука некој доминантен момент, бидејќи тие што ве следат како автор, се сеќаваат и на вашите апстрактни дела?

Башески: Значи на некој начин сум успеал да ги спојам формата и содржината, поточно на формата да и дадам содржина. Почувствував дека преку овие форми (човечката фигура) можам да ја кажам мојата мисла или на некој начин обземеност и фокусираност на одредени појави и дејствија.

DivianArts: Се чини дека е потребно подолго време за реализација на едно вакво дело, како успевате да го задржите фокусот подолго време и дали содржината доживува одредени трансформации за време на изработката?

Башески: Методот на работа изискува долготрајна фокусираност во реализацијата, во сите фази на создавање на делото. Од разработката на идејата до крајната реализација, поминува време кое не секогаш оди со посакуваната динамика или квалитет, но тоа е така и нема друг пократок или полесен начин да се дојде до крајната посакувана цел.

Divian Arts :На што работите сега?

Башески: Сега работам на неколку нови скулптури кои треба да бидат готови во текот на оваа година и се надевам дека нашата, како и меѓународната јавност ќе ги види и доживее на начин како и досега, во минатите мои претставувања. За брзо време, до крајот на септември, ќе има промоција на една нова, можеби нај интересна скулптура од овој опус кој го работам последниве десетина години.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУметникот Игор Стевковски-Стевац, добитник на наградата Љупчо Филипов
Следна објаваНајубави костими за капење од H & M!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР