Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Фросина
Фросина е аматер фотограф чиј најголем предизвик е фотографирање на спонтани портрети, а есенцијален детаљ на нејзините фотографии е добрата композиција.
Победничката фотографија е направена во Музејот на фотографии во Маракеш,
Мароко, додека еден од посетителите го читал објаснувањето под сликата. Направена е со iPhone X и не е едитирана.
Со Фросина можете да исконтактирате преку нејзиниот Instagram профил.
Лилјана Клинчарова
Лилјана е фотограф аматер кој брзо се стреми кон професионализам. Најголем предизвик на фотографирање и се спонтаните фотографии, од моментите на патувањата и секојдневието, а особено задоволство и е да ги фотографира животните.
Победничката фотографија е направена спонтано, наутро во нејзиниот двор, а е едитирана во Lightroom CC.
Контакт со Лилјана можете да воспоставите преку нејзиниот Instagram.
Никола Атанасовски
Никола е фотограф аматер кој брзо се стреми во професионалните води. Најголем предизвик за фотографирање му се природата и архитектурата.
Победничката фотографија е направена во на плажа во Неос Мармарас,
Грција со Samsung Galaxy J5, а едитирана е во Lightroom.
Контакт со Никола можете да воспоставите преку неговиот e-mail nikola.wajcak@gmail.com, или Instagram профил.