Кина генерално не е позната како нација која се занимава со конструирање на јахти, но сепак, некои ценети брендови како Cheoy Lee и Silver Yachts потекнуваат од Кина …

Еден од нивните творци на супер јахти Pride Mega Yachts, скоро го организираше историското лансирање, наменето за секторот гига јахти. Оваа амбициозна 88 метри долга јахта има шест палуби, а се вика “Illusion Plus” и претставува домашен, кинески производ. Изградбата на оваа јахта, која била набљудувана од меѓународен тим на искусни експерти, вклучувала и високо ценети имиња во фазите на планирање и за време на изградбата.

 Дизајнот на ентериерот на оваа јахта е дело на холандското студио Sinot Exclusive Yacht Design, додека лондонскиот Rainsford Saunders Design, кој сега го носи новото име Rainsford Mann Design, е одговорен за екстериерот. Холандското студио Azure Yacht Design било задолжено за наутичката архитектура. За опремување на ентериерот, била ангажирана компанијата Greenline Yacht Interiors од Дубаи.
Многу е ретко да се види таква меѓународна група на експерти кои работат заедно на еден проект.
На крајот, мора да се спомене дека оваа јахта чини 145 милиони долари.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛето во торбите Manilacaba на Christian Louboutin!
Следна објаваСалата Waldorf за денешното мени!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР