Летото е најпопуларно време за венчавка во некоја атрактивна светска локација.

Откако помина медиумскиот интерес околу свадбата на принцот Хари и Меган Маркл, ние сме сигурни дека и оние кои не сакаа венчавка, сега сонуваат да го направат тоа на некоја дестинација од соништа?

Каде да го кажете судбоносното “Да”

Решивте да се венчате и сакате да го изговорите судбоносното “ДА” во некоја егзотична дестинација, а вашата намера е тоа да биде настан кој вие и вашите гости ќе го паметите. Еве неколку предлози кои се идеални дестинации за идните младенци.

Доминиканска Република
Најпопуларната дестинација на Доминиканската Република, Пунта Кана, исто така е дом на најдобрите плажи во светот. Во прилог ви одат all-inclusive одморалишта кои нудат свадбени пакети и планери. Пунта Кана има околу 20 километри крајбрежје со кокосови палми и е опкружено со тиркизна топла вода. Вашите гости ќе уживаат во пиење коктели и во аромата на некоја фина пура, бидејќи Доминиканската република е најголемиот производител на томпуси.

Јамајка
Постои причина зошто светските глобтротери ја нарекуваат Јамајка нивен втор дом. Патем, Јан Флеминг тука го создаде Џејмс Бонд, Казино Ројал, инспириран со сцени кои го оземаат здивот. Јамајка нуди многу повеќе од плажи и палми – реге, егзотични зачини и забавна атмосфера, се само некои од нејзините адути. Јамајка има многу all-inclusive одмаралишта и може да биде едно од најубавите Карипски острови каде што можете да се венчате. Да не ги споменуваме ултра луксузните вили кои доаѓаат со свои готвачи, персонал … Одморалиштето Montego Bay нуди совршена глетка со своите карпи и зајдисонца.

Мексико, Козумел
Ова мирно острово на Карибите се наоѓа покрај еден од најголемите корални гребени во светот, опкружено со тиркизни води и резерват кој е дом на многу диви животни, што го прави рај за сите парови кои бараат мирно место за да стапат во брак, далеку од бучавата на градот и вревата. Очекувајте бујна вегетација, чисти плажи, плус голем број на all inclusive одморалишта со беспрекорни услуги и планери за свадба, кои ќе ви помогнат да испланирате совршена забава. Вашите гости ќе уживаат во националниот парк Чанканаб, каде што ќе ги видат лагуните, ботаничките градини и реплика на Маја село и ќе најдат неверојатен нуркачки локалитет.

Лас Вегас
Идејата за венчавка во Лас Вегас сигурно ја провоцира сцената на Елвис во кич капелата и прстените кои сте ги купиле во некоја евтина златара или можеби сте ги добиле во некоја бонбониера?

Но, постои и другата страна од Градот на гревовите и забавата, која не вклучува играње рулет до утринските часови во хотелот Белаџио, пиење до безсвест, а на крај и брзинска венчавка која вклучува будење во капелата Елвис во раните утрински  часови и се разбира, утринското каење.

Градот на гревовите, нуди многу кул ресторани, фантастични луксузни клубови, плус стотици хотелски ресорти и шик места покрај прекрасни базени кои можат да креираат сосема поинаква слика од вашата свадба.

Дури и оние гости на вашата свадба кои не сакаат да се коцкаат, таму ќе најдат многу забава и задоволство што ќе го паметат засекогаш!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрвите пет обувки за претстојната летна сезона!
Следна објаваХороскоп за ден 31.05.2018 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ