Летната сезона е зад аголот, а секоја нова топла сезона, покрај добрите временски услови, носи и нови трендови.

Оваа година брендовите за облека и модните дизајнери ја истакнуваат потребата за удобност и предлагаат обувки кои можат да се користат на различни начини во текот на целата сезона.

Повеќето од нас за време на летото ќе им се посветат на забавните активности, како посети на плажи или возбудливи дестинации, поради што во пораст е потребата за удобни обувки во оваа зезона. Секако дека постојат и други трендови кои можат да одговараат на вашиот вкус.

Еве ги првите пет, за претстојната летна сезона …

Удобност на прво место!
Балетанките се вашиот најдобар пријател ако барате нешто флексибилно и удобно. Може да ги најдете по многу популарни цени во Zarа, Mango, Aldo …

Патики

Трчањето е секогаш добра кардио вежба. Патиките се во тренд и ова лето, а ако сте активна жена која сака да трчи и да се вклучи во спортски активности, препорачуваме да изберете квалитетни патики како што се Nike, Reebok, Adidas, со единствена конфигурација на ѓонот која ви овозможува да добиете поголема слобода при движењето, одржување највисоко ниво на удобност, дури и ако поминувате низ најтешките патишта.

За дамите – фанатици на високи потпетици – препорачуваме малку поавангардни и темни сандали, за да создадат контраст со летната облека (се разбира, за вечерните часови).

Birkenstocks, најудобните папучи кои се дефинитивно хит во 2018! 

Рамни сандали
Летото е незамисливо без добар пар рамни сандали. Со или без ремени, тие обезбедуваат удобност, го истакнуваат вашиот стил и лесно се комбинираат со различни летни комбинации. Можете да одберете римјанки, рамни гладијатор сандали  или класични сандали од кожа, кои ќе ви дојдат добро во текот на топлите летни денови.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХит модни трендови за лето 2018!
Следна објаваТоп дестинации за летни венчавки!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР