Во изминатиов период, ве мачи познатиот пролетен пад на енергијата и постојаната желба да ја надминете со прекумерно уживање во слатки?

Пред да стигнете до слатките со целосен рафиниран шеќер во продавницата, застанете кај делот за овошје и здрави нанирници и во кошницата вметнете состојки за вашата совршена smoothie чинија.

За да го подготвите овој здрав овошен оброк ви требаат:
– 1 чаша млеко по ваш избор
половина чаша замрзнати шумски плодови
половина чаша свежи јагоди
– половина чаша свежи малини или боровинки
– 1 лажичка чиа семе
– 2 лажици кокосово брашно
– половина лажичка арома на ванила

Измешајте ги состојките, оставајќи на страна 1/4 свежо овошје. Измешаните состојки ставете ги во блендер додека не добиете мазна (smoothie) текстура. Потоа префрлете ја во сад и додадете го преостанатото свежо овошје и посипете со малку кокосово брашно и чиа семки.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗдрав корнер: Благодети од сливите во исхраната!
Следна објаваПловечки хотел Guntu во Јапонија!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР