6 причини зошто редовно треба да консумирате сливи …

Слатки, со сочен вкус, тоа е само една од причините зошто сливите ги вклучуваме во секојдневната храна.

Постојат 140 видови на сливи, сите се богати со јаглени хидрати, имаат ниско ниво на маснотии и калории, а полни се со витамини А, Ц и Е, калциум, магнезиум, влакна и калиум.

Благодети кои ги имаат сливите за вашиот организам:

Го штитат вашето срце

Една свежа слива, во просек содржи 113 mg калиум, минерал кој помага во контрола на високиот крвен притисок и го намалува ризикот од мозочен удар. Ако ова не е ви е доволно, црвеникаво-синиот пигмент во некои видови на сливи, наречен антоцијанин, може да ве заштити од рак, така што ги чисти штетните слободни радикали во организмот.

Тие помагаат во варењето

Сувите сливи се создадени така, да им помогат на цревата редовно да ја завршат својата работа.

Намалување на нивото на шеќер во крвта

Сливите имаат низок гликемичен индекс, што значи дека тие можат многу да ви помогнат да го контролирате шеќерот во крвта и да го намалите ризикот од дијабетес тип 2.

Им помагаат на коските

100 грама суви сливи дневно (околу 10 сливи) ја зголемува коскената густина во ‘рбетот и подлактицата.

Подобрете ја меморијата

Само три до четири суви сливи дневно, можат да помогнат во неутрализирање на клетките на штетните слободни радикали, кои секојдневно имаат негативно влијание врз меморијата.

Тие им помагаат на очите

Сливите се посебно корисни за здравјето на очите. Фитонутриентите кои се наоѓаат во сливите, можат да помогнат да се намали ризикот од болест на очите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБоемски стил: комотно, лежерно, екстравагантно!
Следна објаваПокачете ја енергијата со вкусен пијалок!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР