Ако имате проблем со паѓање на трепките или ако тие се ретки и недоволно долги по ваше мислење, постои начин за природно забрзување на нивниот раст и подобар волумен.

Добро е познато дека рицинусовото масло е одлично за забрзување на растот на косата. Според тоа, одлична работа завршува и кога станува збор за трепките.

Рицинусовото масло има многу предности:

– ги  прави трепките пополни, густи и посилни
– го поттикнува растот на нови и подолги трепки
– го спречува кршењето и паѓање на трепките
– заштедува време и пари, бидејќи и без маскарата го постигнувате истиот ефект

Најдовме рецепт за маска која ќе направи чуда за вашите трепки за кратко време.

Состојки:

2 лажици рицинусово масло

1 белка од јајца

1 лажичка екстракт од ванила

Измешајте две лажици рицинусово масло со една белка од јајце и лажичка екстракт од ванила. Секое утро нанесете ја смесата на очните капаци, на самиот раб на трепките. Смесата ќе ви помогне да ги зајакнете трепките, а оваа сума ќе ви биде доволна за еден месец.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛетните романтични и женствени сетови се хит!
Следна објаваНеделен хороскоп од 21.05. – 27.05.2018 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР