Читањето покрај езеро во сопствена градина е сон на повеќето од нас, кој за жал, можеби никогаш нема да се реализира …

Некои од нас, сепак, можат да си дозволат пристап до вистинска природна градина полна со прекрасни цветни ароми и да уживаат во возбудливата песна на птиците, која денес е вистинска реткост. Уште помалку луѓе имаат можност да седат во сенка под некое дрво и да имаат градина покрај езеро.

Главниот проблем со кој повеќето од нас вљубеници во природата се соочуваме, не е само недостатокот на време и можноста да ги уживаме сите природни убавини, ниту пак парите што овие скапоцени моменти можат да ги обезбедат, туку едноставно немаме убаво средена природна околина.

Најдовме добро решение за овој проблем. Сега можете да креирате прекрасно мало езеро во вашата градина по најниска можна цена, која нема да го намали вашиот буџет.

Сега, следејќи го нашиот краток водич кој ве очекува подолу и кој во неколку лесни чекори ќе ви овозможи да создадете мало градинарско езерце, конечно ќе имате можност да уживате надвор во прекрасниот ден и во близина на студена вода, со прекрасно ветре на лицето.

Се што ви е потребно:

– Алатки: либела, лопата и тесна пила.

– Материјали: стара гума, силна градинарска фолија која може многу лесно да се најде, песок, чакал, големи камења и растенија.

Прв чекор
Прво, осигурајте се дека сте ги подготвиле сите материјали и алатки наведени погоре. Потоа прошетајте по вашата градина и одберете добра локација каде што сакате да создадете свое езерце. Осигурајте се дека местото каде што ќе го поставите езерото има минимална количина на остри камења.

Втор чекор
Направете кружна дупка доволно голема за да се вклопи гумата во неа. Гумата треба да биде малку над земја за да може полесно да ја преклопите фолијата. Ставете малку песок во дупката и користете ја либелата за да се осигурате дека дното е сосема рамно. По прилагодување на подот, поставете ја гумата внатре.

Трет чекор
Користејќи тенка пила, внимателно исечете ги горните делови на гумата така што новоотворениот отвор е поширок од оној на дното.

Четврти чекор
Исчистете ја целата внатрешност на дупката од било какви остри предмети пред да ја поставите фолијата внатре.

Петти чекор
Сега можете да ја завиткате гумата со градинарската фолија. Откако ќе ја покриете целата површина на исечениот пнеуматик, едноставно пополнете го просторот околу гумата со слоеви на песок и чакал.

Чекор бр. 6
Поставете големи камења околу гумата за да ја спречите фолијата, сама од себе да стане нестабилна и да се подвижи од своето место. Можете, исто така, да ги користите овие камења за да го разубавите езерото, ако одлучите да бидете креативни, се разбира.

Седми чекор
Украсете и пополнете го своето езерце со вода, опкружете го со прекрасни градинарски растенија на кој начин сакате. Не се ограничувајте на само една гума, ние тука земавме само една, чисто за пример. Вашето езерце може да има неколку од нив, во зависност од големината на просторот на кој сакате да го креирате.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНов тренд: Фустани над фармерки!
Следна објаваХороскоп за ден 27.04.2018 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ