Во една од тесните, калдрма улици кои се наоѓаат околу реката Тибар, новиот римски хотел Vilon, идеално е вклопен во атмосферата на овој град …

Имајќи го ова на ум, овој хотел има многу повеќе потенцијал од другите, бидејќи се наоѓа во историска вила која е во сопственост на семејството Боргезе, повеќе од двесте години.

Овој хотел е отворен минатиот месец, како најнов дел од Small Luxury Hotels of the World, има само осумнаесет соби и апартмани, од кои многумина имаат поглед кон беспрекорно обновените градини на палатата Боргезе.

Во внатрешноста на оваа вила, која во текот на поголемиот дел од своето постоење им била доверена на француски калуѓерки, сега е трансформирана од римскиот сценограф Паоло Бонфини. Секоја соба во овој хотел е префинета со препознатлив сјај благодарение на работата на Бонини, при што внимателно го уредил секое парче на мебел и декорација, обидувајќи се целосно да ја внесе римската мистериозна атмосфера.

Тој бил инспириран од дизајнот на Арт Деко и Рим од 1950-тите и 1960-тите години, така да секоја соба ја опремил со персонализирана мешавина на пастелни и неутрални тонови, истакнувајќи ги со сјајни црни детали и живите тонови на скапоцените камења. На ѕидовите има големи парчиња од англискиот ботаничар-сликар Роберт Џон Торнтон, за да се создаде ехо на романтичната градина која се наоѓа надвор од ѕидовите на собата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОтворање на нова Replay продавница во City Mall
Следна објаваНовата SEAT Arona добитник на престижната награда Red Dot Award: Product Design 2018
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР