Во градот на светлината, убавината и љубовта во најсимпатичниот дел близу Елисејските полиња во улицата “Faubourg Saint-Honore” се наоѓаат едни од најотмените и најексклузивните бутици и галерии. Меѓу нив е сместен и најголемот музеј на парфеми во светот. Тој е своевидна културна атракција, која единствено може да ви ја понуди целосната историја на настанувањето на парфемите.

Сместен е во потполно реновирана кралска палата од XIXвек, кој до неодамна бил во сопственост на модниот великан Christian Lacroix. Ова луксузно здание е на три спрата и има 1.400м2 изложбен простор и поседува 1.200м2 прекрасно уредена градина.

Палатата преставува спој на француска префинета елеганција и неодолив луксуз, кој ќе ви го одземе здивот со својата убавина. Отворен е во 2016 година, а на кој веќе му претходела повеќегодишна припрема и тоа со помош на донации од правни лица, како и од францускиот синдикат на производители на парфеми.

Основачи на музејот се едни од најеминентните имиња од областа на производството на скапоцените парфеми од Франција и пошироко.

Музејот е поделен на три дела.

1.Histories de Parfumes

Овој дел е посветен исклучиво на развојот на индустриското производство на парфемите и како тоа се развивало низ годините, од древните времиња па се до денес. Од древниор Египет преку средниот век, па се до модерното време. Посетителите имаат можност да видат стотици шишенца од парфеми стари стотици години, какви што прв пат биле изработени. Во овој дел постои и изложбен простор со поп арт портрети на славни личности како што се Клеопатра, Елизабет Тејлор, Луј XIV  (VOILA)!!

2.Immersion sensorielle

Посетителите овде може да почувствуваат вистинска мирисна сензација како да се наоѓаат во некоја бајка. Тие имаат можност да стојат под белите цветови кои висат надолу и испуштаат силни мирисни есенции на цимет, јасмин дури и на кока-кола.(ФЕНОМЕНАЛНО ЧУВСТВО).

 

3.L`art du Parfumer

Оддел посветен на креативниот процес низ кој минува преработката до финалниот производ. Во оваа просторија има висечки големи капки кои имаат во себе сирова есенција потребна за изработка на парфемите. Тука може да се  види и лабораторијата каде што се врши процесот на производство на најскапата “вода” на светот, нејзиното височество (ПАРФЕМОТ).

Музејот на парфемите претставува несомнено една модерна бајковите приказна за феноменот наречен парфем. Овде јасно може да се види како модерната технологија и нејзините достигнувања се во служба на убавината и уметноста, а при тоа создаваат  еден совршен спој.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваTommy Hilfiger – пролет/лето 2018!
Следна објаваХороскоп за ден 27.03.2018 година!
Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Формалната цел на убавината е страста на љубовта; (нејзина омилена изрека).

НЕМА КОМЕНТАРИ