Овен

Вашиот партнер ќе биде задоволен доколку ја оставите вашата тврдоглавост на страна и почнете да ги исполнувате неговите желби. Малку попустливост од ваша страна не е на одмет. Попладневното кафе со пријателите е добар избор за денес.

Бик

Вашите емоции денеска оставете ги на страна. Не размислувајте за минатото и вашиот поранешен партнер. Фокусирајте се на иднината и сѐ ќе биде во ред, а можни се и неколку нови пресврти на љубовен план.

Близнаци

Можеби вашата претерана независност вам ви се допаѓа, но на вашиот партнер тоа му оди на нерви. Поразговарајте со него во врска со тоа и заедно најдете некакво решение. Вечерта поминете ја со своето семејство и со најблиските.

Рак

Можеби почетокот на денот нема да ви биде онака како што треба, но затоа вечерта ќе реши сѐ. Ве очекува возбудливо изненадување кое ви го подготвува вашиот партнер.

Лав

Конечно повторно ги наполнивте батериите, па денот нема да ви биде тежок и напнат, а обврските ќе ги извршувате со задоволство. Потрудете се да обрнете повеќе внимание на вашиот изглед, време е за диета.

Девица

Денов може да ви биде многу значаен, бидејќи ќе треба да донесете некои важни одлуки. Размислете внимателно и направете го тоа што е најдобро за вас, а би било добро и доколку побарате совет од некој пријател.

Вага

Очекувајте поголемиот дел од денот да го поминете сами. Информациите кои ќе ги дознаете од некоја книга, емисија или списание, ќе ве заинтересираат да истражите повеќе за темата која ве интересира.

Шкорпија

Вашата интуиција и снаодливост нека ви послужи во идеите за нови проекти и шансите за заработка. Слободното време искористете го за вашиот партнер, кој со нетрпение чека да ве види.

Стрелец

Можеби со недели го одолговлекувавте пролетното чистење на вашиот дом, но денеска би било добро навистина да почнете со тоа. Исто така, малку работа во вашата градина би била добра и за вашето расположение.

Јарец

Неодлучноста може да ви одмогне во многу работи, па затоа не двоумете се многу. Работете ги оние работи кои на вас ви се допаѓаат и нема да погрешите. Одвојте малку време и за вашето милениче, кое почнавте да го запоставувате.

Водолија

Денес сте комплетно сконцентрирани и фокусирани на обврските кои се пред вас. Вашата интуиција одлично ќе ве служи овој ден, па искористете ја најдобро што можете.

Риби

Овој ден е поволен за контакти со соработници од странство. Многу прашања можете да решите доколку постапите пријателски.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваGrand Musée du Parfum во Париз!
Следна објаваСо пролетта ни пристигна и тренди бојата окер!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР