Надреализмот претставува културно движење кое започнува во раните 1920-ти и е најдобро познатo по визуелните уметнички дела и списи од членовите на групата.

Делата на надреализмот го вклучуваат елементот на изненадување, неочекувани јукстапозиции и апсурдност, како и да е, голем број на уметници и писатели надреалисти ја гледаат својата работа како израз на филозофско движење, најпрво и најмногу, со делата како артефакти.

Предводникот Андре Бретон е експлицитен во своето тврдење дека надреализмот е пред сè револуционерно движење. Надреализмот се развива преку дадаистичките движења за време на Првата светска војна и најважен центар на движењето е Париз. Од 1920 година па понатаму, движењето се проширува низ целиот свет, на крајот влијаејќи на визуелната уметност, литературатафилмот и музиката на многу држави и јазици, како и во политичката мисла, вештините, филозофијата и општествената теорија.

Најпознатите женски фигури,(уметници) на надреализмот недвојбено се следниве пет значајни имиња; Remedios Varo, Gertrude Abercrombie, Helen Lundeberg, Leonora Carrington и Dorothea Tanning.

1.REMEDIOS VARO

Едно од најзвучните женски имиња на овој уметнички правец е секако шпанската уметница Ремедиос Варо. Природата била нејзина главна инспирација, но во создавање на нејзините дела и литературата завзема значајно место. Треба да споменеме дека на нејзините платна неретко се појавуваат и религиозни елементи. Со започнувањето на втората светска војна таа е принудена заедно со својот сопруг да замине за Мексико каде пак нејзиното уметничко творештво го достигнува својот пик.

2.GERTRUDE ABERCROMBIE

Родум од Тексас, оваа уметница е добро препознатлива по сликањето на мистериозни жени, но и на црни мачки. Нејзините дела делуваат надреално, но се сепак многу блиску до човечкиот сензибилитет.

 

3.HELEN LUNDEBERG

Таа е зачетник на новиот правец во уметноста наречен постреализам кој на некој начин се коси со правилата кои што се присутни во надреализмот. Иако во европскиот надреализам во тоа времевладеела идејата за “чист психички автоматизам” што подразбира изразување на изворните-вистинските мисли без никаква контрола и мешање на разумот. Нејзиното убедување било дека е што подобро порационално да се има пристап кон анализирање на сликарско платно, со што би се согледале подобро идеите на потсвесното. Нејзиниот аналитичени образуван пристап консликарството направил таа да стане водечка фигура на Американскиот континент.

4.LEONORA CARRINGTON

Нејзиното творештво е плодоносно и пред се разноврсно. Покрај сликарството,таа се занимавала со вајарство и со пишување. Во времето кога живеела во Франција нејзин партнер бил познатиот Max Ernst. Започнувањето на втората светска војна таа многу тешко го поднесува и доживува нервен слом, по кој заминува за Њујорк каде отвара своја сопствена галерија.

5.DOROTHEA TANNING

Инпирација наоѓа во уметничкиот правец (ДАДА). Таа ги изработува женските ликови во еден силен емотивно-сексуален набој. Во својот автопортрет кој го изработува во 1942 година насловен како РОДЕНДЕН, таа себе си се преставува како митско крилато суштество.

Нејзиното творештво е несомнено неисцрпно и полно со уникатни идеи. Посматрајќи ги нејзините дела набљудувачот има чувство дека се губи во некоја нереална димензија, или поточно во некој непознат правец.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСега можете сами да направите matcha latte во вашиот дом!
Следна објаваСвежи бои и точки за модерен дом!
Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Формалната цел на убавината е страста на љубовта; (нејзина омилена изрека).

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР