Совети како да се одбегне потребата за храна додека сте под стрес :

1. Ослободете се од сите нездрави резерви
Сите ги имаме. И дома и во канцеларија. Некое чоколадо или кесичка чипс, секогаш се кријат некаде. Време е да ги исфрлите, а наместо нездрави грицки, набавете јаткасти плодови и суво овошје во вашиот дом. Тие ќе го победат вашиот апетит и не содржат рафинирани шеќери.

Чувајте се од наводно здравите житарки кои содржат многу шеќер и внимателно прочитајте ја етикетата, пред да купите било каков прехранбен производ.

2. Не го прескокнувајте појадокот
Бројните студии покажаа дека здравиот рамномерен појадок може да го спречи растот  на шеќерот во крвта кога сте под под стрес. Правилниот појадок се состои од од јајца, овсена каша или авокадо.

3. Хидратација против стрес
Кој е под стрес, пие премалку. Потоа, следи дехидрација на клетките, кои можат да изразат раздразливост, главоболки и желба за храна. Еден добар чај од нане може да го замени десертот и да го неутрализира стресот предизвикан од дехидрација.

4. Медитација
Мора да вежбате смиреност во стресните фази на животот. Она што треба да направите е спротивно на она што го чувствувате. Медитацијата предизвикува холистичко ресетирање на телото и умот: концентрацијата повторно се зголемува, желбата за слатко станува контролирана и минимизирана. Посебно се препорачува за познатите “ниските” точки во денот кои се случуваат околу 11 и 15 часот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШто се случува оваа седмица во Јавна Соба?
Следна објаваSpringfield нова пролетна колекција за жени и мажи
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР