Во време на намалување на урбанизацијата, прекрасниот главен град на Франција Париз, планира проект за реконструкција како ниеден друг град во светот.

Главната причина за овој проект е борбата против зголемените емисии на CO2 во Париз. Овој град сега се сврте кон пошумување и планира да направи шума од 1350 хектари во градот.

Како дел од проектот Syndicat Mixte d’Aménagement de la Plaine de Pierrelaye-Bessancourt (SMAPP), градот гради огромна шума која е пет пати поголема од Central Park во Њујорк. Местото е моментално уништено и се наоѓа на 20 километри северозападно од центарот на Париз.

Досега, овој напуштен дел од градот се користел за отстранување на отпад и отпадни води, помеѓу 1896 и почетокот на 1990-тите, откога се обидува да се оплоди.

Сепак, неуспешните обиди доведоа ова место да се претвори во зона за отпад, која сега се претвора во шума. Целиот проект ќе трае од 30 до 50 години, а ќе вклучува и изградба на центар за коњи, кули за набљудување, патеки за прошетки и посебно место со диви животни.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЈапонскиот бренд Ariake ја претстави најновата колекција на необичен начин
Следна објаваРемек-дело на Picasso продадено за 50 милиони фунти!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР