Изведеното истражување ги кристализираше 10-те најздодевни работни места во светот, а дали и вие работите на едно од нив?

Утре е нов работен ден, но дали попрво би сакале да останете дома? Дали мислите дека вашата работа е толку здодена? Се разбира, не секоја работа е возбудлива и полна со акција, но сега знаеме кои професии се покажаа како исклучително досадни.

Една студија спроведена од страна на Emolument ги покажа нај здодевните работни места, а во истражувањето беа испитани околу 1.300 луѓе од 14 различни земји. Мораме да кажеме дека резултати беа доста изненадувачки.

Кој од вас е голем обожавател на серијата ‘Suits’? Може да се премислите откако ќе ги слушнете овие информации. Со полни 81%, адвокатските работни места се покажаа како нај здодевни во светот.

Второто место ги заземаа работните места за управување со проекти, со 78 проценти.

На третото место од најздодевните професии се грижата за потрошувачите со 71 отсто.

Следат, работата на даночниот работник е проследена со 68 проценти, а на пето место се професиите сметководители  и даночните советници (67 проценти).

Исто така, и на банкарите не им е нај возбудлива работата, туку на 67 проценти од нив, им е здодевно на работа.

Седмото место го заземаа техничките работни места со 64%, а на осмото место се продавачите со 61 процент. Сите овие професии се проследени со маркетинг и комуникации, каде што 60 отсто од вработените се досадуваат на работа, а потоа со 56 отсто се ИТ работниците.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛегендарната кукла Барбика со нов лик!
Следна објаваГлавни 5 модни улични стилови во Париз!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР