Додека дизајнерите ги презентираат своите колекции на Париската модна недела, познати блогерки, уредници, ѕвезди и модни дизајнери ги демонстрираа своите модни вештини на улиците на Париз.

Мораме да признаеме, тие нѐ воодушевија. Иако очекувањата се секогаш високи, оваа сезона откривме вистински кралици на “уличниот стил”.

1. Фармерки
Фармерки за модната недела? И тоа во Париз? О, да!
Тексасот е неизбежен дел од уличниот стил, а познатата модна метропола се покажа како вистинско место за нови фармерки. Добро познати блогерки, па дури и уреднички на францускиот Vogue, се појавија со фармерки.

Но, забележавме дека skinny – тесните фармерки беа целосно исфрлени од модните комбинации, а главниот хит се тие, широките.

2. Карирани костуми
Веќе го забележавме трендот на карирани костуми во Лондон, иако таму беше присутен во форма на палта и панталони. Париз ни го донесе продолжувањето на овој тренд во форма на класичен костим, кој дефинитивно ќе доминира оваа сезона.

3. Коњак боја
Тоа што беа пастелните розови и сенф-жолтите бои во Њујорк и Милано, сега тоа е коњак бојата во Париз. Тренд бојата која беше секаде присутна, од облека до модни додатоци.

Оваа боја е идеална за чевли, јакни, чанти, па дури и ракавици. Друга работа е леснотијата на комбинирање со тековниот тренд на широки фармерки.

4. Транспарентни здолништа
Париските улици донесоа уште еден присутен тренд, а тоа се транспарентните здолништа преку кои поминува светлината и јасно се прикажуваат линиите за нозете.

5. Louis Vuitton патики
Последниот, но не помалку застапениот тренд беше доста специфичен.

Овој тренд доаѓа од големиот бренд Louis Vuitton, а станува збор за таканаречените “грди” патики, кои беа присутни на стапалата на љубителите на модата во Париз.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОва се 10 најздодевни работни места на светот!
Следна објаваPorsche Mission E Cross Turismo: Eлектричен спортист за активен животен стил
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР