Компанијата “Mattel”, произвoдител на познатата Барби-кукла покрена интересна програма под наслов “Inspiring Women”.

Најновата колекција на Барби куклите е посветена на жените кои оставиле силен печат во историјата на човештвото со својата инспиративна работа и творештво.

Frida Khalo, Amelie Earhart и Catherine Jonson се само мал дел од светски познатите историски личности, чии ликови се препознатливи во новите кукли на познатата компанија.

Покрај оваа колекција, познатата компанија ја покрена и програмата (Shero) или во превод “хероина” и тоа токму на светскиот ден на жената осми март. Во продажба може да се најдат 14 различни кукли изработени по моделот на светски познатите ликови како што се; Gabby Douglas, Patty Jenkins, Bindi Irwin, Misty Copeland и др.

Во почетокот на 2016 година за прв пат од постоењето на компанијата беа изработени кукли кои се разликуваат од стереотините Барбие кукли, па така новите кукли може да се најдат во најразлични форми, ниски, високи, полнички и.т.н.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР