По повод светскиот ден на одбележување на женските права, годинава во Нациналната галерија на Македонија “Чифте амам” на 07.03.2018 год. со почеток во 19 часот, ќе се реализира изложбата со наслов “Чудесните жени од Колекцијата на Националната Галерија на Македонија”

За поставувањето на ваков вид на изложба посветен на жените годинава има два убави поводи, а тоа се 70 годишнината од создавањето на НГМ и секако меѓународниот ден на жената  8 март.

Во рамките на изложбата на публиката ќе и бидат презентирани преку шеесеттина уметнички дела од жени авторки од нашата земја но и од странство.

Ќе бидат изложени дела од првите авторки од Колекцијата на НГМ до денес:

Борка Аврамова, Катја Ефтимова, Лена Стефанова, Анета Светиева, Менче Спироска, Ана Темкова, Илинка Глигорова – Суза, Мирослава Спироска – Мира, Билјана Унковска, Виолета Чауле, Вана Урошевиќ, Жанета Вангели, Лидија Вујисиќ, Вујка Радивојевиќ Бојарова, Татјана Миљовска, Марина Лешкова, Дијана Томиќ-Радевска, Лилјана Климова, Сузана Стефчевска, Нина Гештаковска-Цветановска, Лара Ташковска, Моника Десоска, Ана Андроска, Билјана Кајевиќ, Лилјана Кекеновска, Борјана Божиновска, Лела Хаџи Димова, Мира Апостолска, Марија Светиева, Емилија Божиновска, Наташа Станковска-Зафировска, Ива Димеска/Лидија Георгиева, Маријана Шијаковска, Сандра Соломонова, Александра Ристовска-Петрушева, Наташа Милованчев, Јасминка Новковска, Моника Мотеска, Дита Старова Ќерими, Ирена Паскали, Ивана Пирковска,
Маја Кировска, Симонида Филипова-Китановска, Маја Рауник, Росица Лазеска, Виолета Чаповска

Бивши југословенски републики
Мара Кокиќ, Олга Бенсон Зора Петровиќ, Надежда Петровиќ, Маша Живкова, Весна Соколиќ, Вера Муртиќ, Љубица Сокиќ Оливера Кангрга, Дана Докиќ, Олга Јевриќ, Марија Ујевиќ Талетовиќ.

Убав повод да се присуствува на еден значаен настан во нашиот град.

Ефтимова Катја, Портрет на девојче,масло на шпер, 58,7х49,7

Гелевска Велјановска Жанета, Два света, 1994, комб. тех, хартија 100х70

Спироска Менче, Глава, лавиран туш хартија, 1961, 30,5х24

Виолета Чауле, Желба, сито печат 2-20, 1977, 49х48 (70х70,5)

Лешкова Марина, Предел, 1991, комб. тех. на платно, 147х170

Ве очекуваме вечерва, среда 7 март, 19 часот, Чифте амам.

Posted by National Gallery of Macedonia – Национална галерија на Македонија on Wednesday, 7 March 2018

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР