Постојат многу разлики помеѓу студијата за дизајн на ентериер: една од нив е додека едните целат кон необичност, другите бараат да се обезбеди голем простор во традиционален формат. И двете опции обично завршуваат со ентериер од соништата, па добро е што се успева да се постигне разлика во насока да се удоволи на сечиј вкус. Денес, на нашиот репертоар стои апсолутно модерен стан создаден од H2O Architects, чиј резултат е евидентен во галеријата подолу – вистинска оригиналност, која најпрвин ќе им се допадне на вљубените во книгата.

Зошто? Затоа што просторот наменет за дневен престој е исполнет со модерни полици, кои се во суштина вградени во ѕидовите кои го сепарираат истиот тој простор (дневна оба од трпезаријата). Бел минимализам со впечатливи тонови на зелено и портокалово како зачин на просторот, лоциран на 60 метри квадратни; е вистински погодок за колекционерите на книги, CDa, рамки со фотографии и останати драги предмети.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧудесните жени од Колекцијата на Националната галерија на Македонија!
Следна објаваАмстердам под снег
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР