Филмскиот фестивал FANTASPORTO 2018, го почести македонскиот режисер со специјална награда од жирито за неговиот најнов американски филм.

На 38-иот по ред Меѓународен филмски фестивал Fantasporto во Порто, Португалија, кој се одржа од 20 февруари до 4 март, во Театро Риволи, најновиот американски филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Бикини Мун“ ја освои специјалната награда од жирито на фестивалот.

Филмот ја имаше светската премиера на 21 октомври на филмскиот фестивал во Сао Пауло, Бразил. Во меѓувреме, премиерно беше прикажан на Фест во Белград, и во сабoтата ја имаше американската премиера на познатиот Синеквест филмски фестивал во Сан Хозе, Калифорнија.

Наскоро се очекува и македонската премиера на филмот.

По повод американската премиера веднаш се огласи и американската филмска критика, која го дефинираше филмот како: „Во неверојатно брилијантниот филм Бикини Мун, вжештената глума на актерката Кондола Рашад ја воспалува провокативната сторија на Милчо Манчевски, со што филмот резултира во независен филм кој мора да се види на Синеквест.“ и „Бикини Мун ја истражува природната тензија меѓу документарецот кој ја раскажува приказната на својот субјект и документарец кој го експлоатира својот субјект.“, како и „Ова е сосема свежо и оригинално дело на маестрален режисер“.

Понатаму во пишаните критики се вели: „Провокативен и убедлив портрет на една нестабилна жена, која се обидува да го врати во нормала нејзиниот живот. Бикини Мун е провокативен, повеќеслоен лажен документарец, кој ги акцентира најлошите делови на милениумскиот либерализам. Бикини Мун е модерно искуство кое се вклопува во грдоста на нашата воајеристичка култура“.

Светската филмска критика, непрестано пишува за „Бикини Мун“ го опишува како брилијантен авторски филм, кој деликатно гравитира меѓу фикција и документарното. Бикини Мун е модерна бајка со фасцинатна нарација, веќе позициониран меѓу најдобрите филмови за 2017 година со извонредната актерка Кондола Рашад во главната улога. „Овој вознемирувачки, немирен, саркастичен, заводлив и непредвидлив филм, невозможно е да ве остави рамнодушен„, се вели во дел од бразилската критика и продолжува понатаму „Неговото дело е провокативно, саркастично и иронично, флертува со надреализмот за да ја прикаже реалноста во форма, која никој друг документарец, не успева да го стори толку добро. Бикини Мун е „документарен филм за една бајка“. Тоа не е ни документарен филм, ниту псеудо-документарен филм (mockumentary); тоа е фикшн филм за документарен филм, кој се однесува на екипа документарци, кои ја снимаат реалноста, која се претвора во изненадна урбана модерна бајка. Филмот иницира дијалог за скршени семејства и животот на бездомниците во Америка“ велат критичарите.

Единствен Македонец во филмската екипа, покрај режисерот е композиторот на музиката – Игор Василев Новоградска. Сценариото е на Манчевски и Вилијам Розентал. Во филмот игра фантастичната Кондола Рашад, инаку ќерка на позната американска актерка Филиша Рашад, препознатлива преку популарниот американски ситком од 80те години „Козби шоу“. Покрај Кондола, во филмот играат актерите: Сара Голдберг, Вил Џеновиц, Сатја Сридхаран и Микал Мишел Харис. Дизајнер на продукција е верниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс, кој има работено буквално на сите досегашни филмски проекти на Манчевски. Директор на фоторафија е Џошуа З. Вајнстин.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКомплетната листа на победниците на Оскар 2018!
Следна објаваЧудесните жени од Колекцијата на Националната галерија на Македонија!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР