Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен  фото натпревар на Instagram!

Александар Наумчески

(втор пат со победничка фотографија)

Image may contain: 1 person, sunglasses and close-up

Архитеткт кој аматерски се занимава со фотографија, зад себе со учество на неколку групни изложби и една самостојна во мај 2016 под наслов „Имагинарен Град“.

„Мотивите кои ги забележувам во просторот околу мене се тесно поврзани со мојата професија и најголемо задоволство ми претставува да ги пренесувам приказните на градските форми, детали и бои. И во двата случаи композицијата е од пресудна важност, во архитектурата тежнееме кон хармонизирање на волумените и просторот кој ги создаваме, во фотографијата тежнееме кон хармонизирање на кадарот.“

Победничката фотографија е интерпретација на Nyhavn во Копенхаген. Направена е како колаж од 5 посебни кадри, фотографирани со мобилен телефон и потоа обработени со мобилните апликации Snapseed и Photo Layers.
Со фотографот можете да стапите во контакт преку неговиот Facebook или Instagram.

Елена Митковска

Image may contain: 1 person, standing, mountain, sky, nature and outdoor

Фотограф – аматер кој цели кон професионализам, Елена има посебна филозофија кога станува збор за фотографијата: „поголем дел од фотографиите се направени за време на моите патувања, и не е битно дали станува збор за пејзажи, луѓе или предмети, сакам да имам фотографија која што кога ќе ја погледнам и после долго време откако е направена ќе ме инспирира да раскажам приказна“.

Победничката фотографија е направена во шарениот Пелурињо – стариот дел на градот Салвадор де Баија во Бразил. Фотографирано со Canon EOS 600D, 18-55mm.

Контакт со Елена можете да воспоставите преку нејзиниот Instagram и вебсајт.

Марија Зориќ

(трет пат со победничка фотографија)

Марија Зориќ е наградувана професионална фотографка која се занимава со фотографија веќе единаесет години, со искуство зад себе со фотографирање на бројни фотосесии и настани. Фотографијата е направена во Амстердам со мобилен телефон и е едитирана со алатките на Instagram.

Контакт со Марија можете да воспоставите преку FacebookInstagram или e-mail (marija.zoric95@gmail.com).


За да учествувате на нашиот неделен натпревар треба само да не означите на Вашата фотографија (@divian.arts) и во описот да го вметнете нашиот хаштаг (#divianarts).

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовости: Истражете ја месечината со свои раце!
Следна објаваJeanne Hébuterne музата на Amedeo Modigliani!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР