Amadeo Clemente Modigliani (12.7.1884-24.1.1920), италијански сликар и вајар кој најголемиот дел од својот живот го минал во Франција. Познат како “метафоричен” уметник, тој се прославува сликајќи женски портрети кои изгледаат без израз на емоции на своите лица, како да носат еден вид на маски.

Во пошироките сликарски кругови бил познат по прекарот Моди (Maudit), што на париски дијалект значи (проколнат). Бил исклучително шармантен и згоден маж, со што го привлекувал вниманието на спротивниот пол во голема мера. Секогаш бил опкружен со убави жени, но само една го освоила неговото срце, запознавајќи ја три години пред својата смрт.

Во 1915 година рускиот вајар Chana Orloff го запознава Maudit со преубавата млада студентка по уметност Jeanne Hebuterne. Со оглед на нејзиното буржоаско и конзервативно воспитување таа била свесна дека нема да биде поддржана од страна на своите родители поради врската со младиот сликар. Дознавајќи за нивната врска семејството на Jeanne се откажува од неa, сметајќи дека таа врска е без перспектива.

Веднаш по ова, тие решаваат да живеат заедно и стануваат нераздвојни. Modigliani  го поминува сето свое време со својата сакана. Таа станува за него најголемата инспирација, сликајќи постајно нејзини портрети. На 3 декември во 1917 година тој ја преставувува својата прва самостојна изложба во галеријата “Berthe Weill”. По одржувањето на истата тој наидува на негативни критики, осудувајќи го за премногу голотија во неговите дела. Решава да се пресели во Ница заедно со Jeanne, каде набргу таа останува трудна со нивното прво дете. Во 1918 година таа носи на свет женско девојче кое го добива мајчиното име. За жал нивната среќа трае многу кратко. Во 1920 година Modigliani умира од туберколозен менингитис. Таа го завршува трагично својот живот, неможејќи да ја поднесе загубата на саканиот човек.

” When I know your soul, I will paint your eyes…”

НЕМА КОМЕНТАРИ