На екстравагантностите им нема крај! Посебно во индустријата која се занимава со  организирање на свадби. Постојат модерни торти, но постојат и фантастични фенси свадбени торти.

Замислете слоеви и слоеви на торта, која е ремек-дело и е создавана со денови? Оваа торта создадена од Debi Vingam, не е традиционална свадбена торта. Таа не е личи на било која торта, што некогаш сте ја виделе.

Тоа е торта во природна големина на невестата и чини неверојатен милион долари! Дали ги споменавме дијамантите?

Тортата од милион долари што ја претставува невестата во реална големина со се венчалниот фустан, бидермејерот, шамијата и секако дијамантите, беше изложена во Dubai World Trade центарот, во февруари оваа година.

Се разбира, дијамантите беа отстранети пред да се исече и послужи тортата. Илјадници цвеќиња и бисери кои се јадат, го красеа “невестинскиот” фустан.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВеренички прстен од McDonald’s вреден 10.000 евра!
Следна објаваВнесете лични сегменти во вашиот ентериер!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР