На секој простор му е потребен личен допир, бидејќи без овој пристап нашите простории можат да делуваат досадно или премногу едноставно …

Постојат различни начини да додадете лични детали во секоја соба, од вклучувањето на рачно изработен мебел и уметнички дела, до разни предмети или дури, цела колекција. Денешната тема ви претставува неколку најдобрите начини за додавање на лични детали во вашиот простор, а во следните неколку пасуси дефинитивно можете да најдете нешто соодветно за вас.

Иатакнете го вашето хоби
Најлесен и најочигледен начин да додадете нешто лично во вашиот простор е да ги нагласите вашите хоби и интереси. Ако сте заинтересирани за музика и имате гитари, на пример, можете да ги закачите и да го персонализирате вашиот простор. Ако сте љубител на книги, покријте го целиот ѕид со полици или можеби неколку ѕидови, правејќи ги шарени и интересни. Во случај да сте страстен колекционер, слободно интегрирате ги вашите предмети во ентериерниот декор и направете го посебен.

Играјте со формите
Додајте форми и различни детали во вашиот простор за да го направите поинтересен. Во купатилото или кујната, можете да додадете плочки со различни форми и уникатни детали, на подови, ѕидови или каде што сакате. Купатилото можете да го декорирате со акцентиран ѕид и керамика со интересен изглед. Одберете sидни тапети со 3D ефекти, мурали или нешто друго во овој стил, што ќе го направи вашиот простор многу поинтересен. Всушност, секој вид на акцентирање може да послужи. Оваа идеја можете да ја користите во секоја соба, од трпезаријата, до детската соба, а во исто време, да пробате различни модели и бои по ваш избор.

Креирајте галериски ѕид
Галериските ѕидови се екстремно популарни денес, претставуваат одличен начин за додавање на нешто лично и интересно во секој простор. Ова се пред ѕидови со семејни фотографии, кои можат да бидат персонализирани на било кој начин. Исто така, можете да додадете и уметнички дела, слики, рачни изработки, па дури и огледала и да ги направите посебни. Галериските ѕидови се погодни за било која просторија, дневен престој, трпезарии, детски и спални соби, влезните делови, па дури и во кујните. Овие компоненти на декорација, можете да ги аранжирате на било кој начин, регуларно или неправилно, да ги поставите на скалесто и да им овозможите на сите уметнички дела да добијат идеална позиција.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДали е ова најскапата торта на светот?
Следна објаваErmenegildo Zegna: Традиција со модерна визија!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР