Навистина Bling Bling!

Хамбургер веренички прстен од McDonald’s, доаѓа во типична бургер кутија и е наменет за сите љубители на брза храна, на кои ништо не може да им се спореди со  вкусните хамбургери и компири.

Ако сте и вие една од тие личности, тогаш овој прстен е наменет токму за вас.

За да ја одбележат 50-годишнината, McDonald’s дизајнираше прстен кој изгледаше како Big Mac и соодветно беше наречен Bling Mac. Овој прстен беше дизајниран од дизајнерката на накит Nadine Goshn (нејзиниот накит го носат Beyoncé и Karl Lagerfeld) а направен е од 18 каратно злато со вредни скапоцени камења.

Bling Mac се состои од неколку слоеви – седум индивидуални прстени кои се преклопуваат во еден за да го направат луксузниот Big Mac или Bling Mac чија вредност е 10.220 евра.

Освен Bling Mac, дизајнерката Nadine Goshn создаде и други луксузни додатоци инспирирани од брзата храна, како што се манжетните.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 3 #DivianArts инстаграм фотографии за оваа недела
Следна објаваДали е ова најскапата торта на светот?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР