На зима или на лето Hallstatt е волшебен!

Доколку чезнеете за зимска земја на чудата и место како од бајките, тогаш Халштат, живописното алпско село е дестинација што мора да ја посетите.

Кога на тоа ќе додадете и дека ова е едно од најстарите населби во Европа (податоците покажуваат дека луѓето живееле во оваа област во првиот милениум п.н.е.) и дека под заштита на УНЕСКО од 1997 година, не ви се потребни дополнителни причини да го посетите.

Фантастично малиот Халштат има околу 760 жители и буквално можете да го минете пешачејќи за само неколку часа, ај не да кажеме минути, а всушност колку горедлива туристичката атракција на Австрија е самиот.

Халштат се наоѓа на брегот, на југозападниот дел на истотоименото езеро Hallstätersee, во австрискиот регион Salckamergut, кој се протега источно од градот Salcburg до планините Danstein. Развојот на целиот регион, од самиот почеток на населување на овие подрачја, е поврзан со експлоатацијата на сол, така што името на регионот доаѓа од Кралската канцеларија за сол, од времето на Хабсбургската монархија, под чија надлежност биле рудниците за сол.

Во 1311 година, Халштат станал трговски град, а во 1595 година бил направен долг цевовод за транспорт на сол до Ebense. До 1890 година, кога бил изграден пат за прв пат, до Халштад можело да се стигне само со брод или преку стрмни падини.

Обиколката на Халштат е најубава пеш, бидејќи, како што веќе споменавме, местото се обиколува многу брзо. А ќе имате можност да застанете и да ја гледате секоја куќа или гостилница во мир и да им се восхитувате од блиску внимателно. Шармантните венецијански ролетни и карирани завеси се составен дел од декорацијата на повеќето куќи.

За време на вашиот престој во Халштат можете да го посетите Музејот за културно наследство, специфичната куќа на коските Beinhaus, солената пештера, да патувате со брод, да ги посетите блиските места или да шетате во природата. Посетете ја и готската капела st.Michael или протестантската црква која е често сликана сцена од ова место.

На главниот плоштад на Халштат пулсира животот. Овде ќе најдете кафулиња, ресторани, продавници за сувенири, а за време на Божиќ и Новогодишни празници тука е главниот празник на чаршијата.

Фактот дека ова место ги фасцинира сите посетители е илустрирано со тоа што Кинезите во Кина направија копија по моделот на Халштат.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФотографии кои го слават мајчинството
Следна објаваНова пролетна кампања на Oscar de la Renta!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР