Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен  фото натпревар на Instagram!

Александар Наумчески

Image may contain: 1 person, sunglasses and close-up

Архитеткт кој аматерски се занимава со фотографија, зад себе со учество на неколку групни изложби и една самостојна во мај 2016 под наслов „Имагинарен Град“.

„Мотивите кои ги забележувам во просторот околу мене се тесно поврзани со мојата професија и најголемо задоволство ми претставува да ги пренесувам приказните на градските форми, детали и бои. И во двата случаи композицијата е од пресудна важност, во архитектурата тежнееме кон хармонизирање на волумените и просторот кој ги создаваме, во фотографијата тежнееме кон хармонизирање на кадарот.“

Победничката фотографија е интерпретација на Копенхаген. Направена е како колаж од 5 посебни кадри, фотографирани со мобилен телефон и потоа обработени со мобилните апликации Snapseed и Photo Layers.
Со фотографот можете да стапите во контакт преку неговиот Facebook или Instagram.

Image may contain: outdoor

Андроники Антонијадис

Андроники е ентузијастична млада фотографка која инспирацијата за аматерската фотографија ја црпи од детализираната архитектура. Нејзината цел е да ги прикаже деталите кои, поради задлабоченоста во нашите мисли, ги одминуваме без воопшто да ги забележиме.
„Научив дека и покрај многубројните предмети, во архитектурата е неизбежна и фотографијата. Со фотографија се занимавам аматерски иако до сега сум учествувала на повеќе работилници, проекти, изложби… Фотографирам различни теми од кои најчесто на својот инстаграм профил споделувам архитектура или детали од секојдневието во кое сите некаде брзаме и не обрнуваме внимание или имаме различна перцепција до нив.“
Победничката фотографија е направена во близина на Љубљана, наспроти Архитектонскиот факултет и не е едитирана. Контакт со фотографката можете да воспоставите преку androniki.antonijadis@hotmail.com или Instagram.

Image may contain: tree, sky and outdoor

 

Огнен Бојковски

Огнен Бојковски се занимава со професионална фотографија веќе 10 години, а омилен правец му е „landscape“ фотографијата, додека најголем предизвик му е да ја фотографира природата, поради нејзината честа преобразба и проникливост.

Победничката фотографија е направена во Владимирово, Берово со Samsung Note 4 и е едитирана со мобилната апликацја Snapseed.

Контакт со Огнен можете да остварите преку FacebookInstagram или преку неговиот вебсајт.

No automatic alt text available.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВистинска зимска магија во Токио
Следна објаваСаемот “HOMI” во Милано е бизнис платформа “PAR EXCELLANCE”!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР