Милано е моден центар и затоа не е изненадувачки што во овој град каде на жителите естетиката им е дел од ДНК, се оджуваат најголемите саеми каде ги покажуваат најновите трендови во доменот на модата и lifestyle сегментот.
Деветтото издание на саемот HOMI lifestyle тукушто заврши, со многу нови предлози и идеи, фокусирани на квалитетно вмрежување со зголеменото присуство на меѓународни деловни оператори и излагачи.
Ова издание на саемот беше фокусирано на квалитетот и креативноста, со многу уникатни или ретки иновативни ентериерни и надворешни декоративни елементи, додатоци за хартија, луксузен накит, екстравагантни парфеми, богати текстилни ткаенини, шик чанти и hi-tech гаџети …
HOMI, саемот што се одржа во областа Фиера Милано, посветен на животниот стил, беше завршен со фактот што го посетија 82.300 професионалци, од кои 17% од странство.