Топлина, мекотија и чувството на заштита, е првото нешто на што ќе помислите кога ќе го видите овој Blanket кревет, новина на брендот Bonaldo.

Како чувството кое го имате кога сте обвиткани со меко ќебе (Blanket), е токму тоа, и беше инспирацијата на дизајнерот Alesandru Buzanu да го креира овој Blanket bed.

Изгледа како улогите да се заменети, така што ќебето, скапоцениот зимски аксесоар, стана главен протагонист.

Всушност, големиот мек јорган е базата на овој кревет, кој се потпира на мадракот, а е ролован така да истовремено го формира горниот дел на креветот.

Готово архетипската природа на овој концепт, го прави Blanket иконографски кревет, веднаш препознатлив, оној кој е способен да игра главна улога и предизвикува емоции преку едноставно, но невообичаено ролованo ќебе.

Овој кревет дефинитивно мами на уживање и релаксација.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСредба со Јагода Михајловска-Георгиева во ТРИ!
Следна објаваНивното височество – бисери!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР