Издавачкиот центар ТРИ со задоволство ве информира дека во среда, 14 февруари, во 13 часот, во Книжарницата ТРИ во Дебар Маало ќе се одржи средба со добитникот на наградата „Стале Попов“ за романот „Манастир Фуентерабија“ (ТРИ, 2017)  – Јагода Михајловска-Георгиева.

Јагода Михајловска-Георгиева е авторот на најдоброто прозно дело за 2017 г. според Друштвото на писателите на Македонија. Наградата „Стале Попов“ е уште една потврда за високите книжевни квалитети на нашата романсиерка, која е еден од најнаградуваните македонски автори, добитник на Рациновото признание и Роман на годината за „Каменот од твојот ден“ и „Индиго Бомбај“.

Дополнителен повод за средбата со читателите е и хуманитарната акција поврзана со наградениот роман – во соработка со списанието „Лице в лице“, дел од продажбата на „Манастир Фуентерабија“ авторката го донира за децата од улица згрижени во Дневниот центар во Шуто Оризари.

Делата на Михајловска-Георгиева се изданија со кои ТРИ особено се гордее, затоа искрено се надеваме дека ќе ни се придружите заедно да го одбележиме добивањето на ова престижно признание.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛуксузен и елегантен хотел во срцето на Париз!
Следна објаваНово од Bonaldo: Уникатен Blanket bed!
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР