Бисери. Накит кој е омилен кај дамите почнувајќи од светските принцези, познатите личности, како што се актерки, пеачки и.т.н. Големи се шансите дека многумина од нас поседуваат барем една бисерна огрлица, а некои од нас пак ја имаат таа среќа да наследат оргинални бисери од своите баби и прабаби. Па драги наши дами, време да ги извадите истите од вашите кутии, бидејќи тие се враќаат на голема врата на модната сцена.

Во престојната сезона тие се застапени скоро во сите модни колекции на познатите дизајнери како што се Gucci, Celine i Balenciaga. Голема заслуга за нивно повторно актуелизирање како моден додаток е секако модниот бренд Alexander McQueen.

Многу од познатите личности ги обожуваат бисерите како што се; Ријана, принцезата Дијана, Кејт Миделтон, Кара Делевињ и да не ја заборавиме филмската икона Одри Хепберн.

Во минатотo бисерите важеле за строго елегантен моден додаток, додека денес е сосема поинаку и тоа правило веќе не важи и тие се комбинираат и со спортски комбинации најчесто со џинс.

Cornelia Webb е дизајнерка на накит, која својата најнова инспирација ја пронајде токму во бисерите. Навистина прекрасно изработена линија. Погледнете ја!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР