Чекорењето кон олтарот и младоженецот во прекрасна венчаница е сонот на многу девојки на оваа планета. Нас ни се допадна таа на Anastasiа Steele, во филмот 50 нијанси, а дознавме и кој ја дизајнираше.

Станува збор за познатата дизајнерка Monique Lhuillier. Нејзините креации често се гледаат на познати личности како, Reese Witherspoon, Britney Spears, Carrie Underwood, a сега и на Dakotа Johnson, односно Anastasiа Steele во филмот полн со еротика, 50 нијанси.

Universal Studios и костимографката Shay Cunliffe ја побараа Monique Lhuillier, кога почна снимањето на последното поглавје од приказната за односот меѓу срамежливата Anastasiа и милијардерот Christian Grey.

Monique предложи три можни скици за венчален фустан, а честа да ја одбере финалната верзија и се припишува на самата Dakotа Johnson.

Оваа венчаница ќе биде избор на многу невести кои наскоро планираат да се омажат, а француската модна куќа е среќна да ја даде оваа можност на сите девојки. Моделот на венчаницата е наречен Grey и наскоро ќе биде достапен во една од водечките продавници на  Monique Lhuillier.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНивното височество – бисери!
Следна објаваШик француски стан со детали од различни епохи!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР