Се чини дека границите постојано се поместуваат кога станува збор за уметноста. Различните стилови несебично се испреплетуваат во недоглед и се спојуваат онаму каде што најмалку би можеле да ги замислиме.

Andy Warhol, великанот на поп-артот во Ватикан! Кој би можел да замисли! Наскоро се очекува да се постави изложба со негови дела кои се инспирирани од религиозни содржини. “The Last Supper” на Leonardo Da Vinci, од која бил инспириран овој голем артист. Покрај ова дело ќе бидат изложени и дела со мотивите Memento Mori, познатата латинска изрека која во превод значи “сети се дека и ти си смртник”, за човечката суета и дека сите треба да се сетиме дека сме само гости на овој свет.

Barbara Jatta, која е главен кустос во ватиканскиот музеј, изјави дека преговорите со челниците на музејот во Pittsbourg се во завршна фаза. Таа вели дека во Ватикан се воодушевени поради овој настан и дека тие имаат убав дијалог со уметноста и уметниците.

На малкумина им е познат фактот дека великанот на попартот бил верен католик. Тој бил редовно присутен на мисите во црквите, а се занимавал и со хуманитарна дејност. Тој се има сретнато со тогашниот папа Јован Павле II, во 1980 година во Рим.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBalenciaga Crocs продадени оnline за 850$!
Следна објаваНовото име на модната сцена е Avа Phillippe ќерка на Reese Witherspoon!
Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Формалната цел на убавината е страста на љубовта; (нејзина омилена изрека).

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР