Канадската дизајнерка Marta Sturdi, ги комбинира геометриските форми и светли бои за да создаде колекција на мебел изработена од смола.

На презентацијата во рамките на Masion & Objet Furniture Fair во Париз, колекцијата Prime, како што таа ја нарече, доби бројни аплаузи. Колекцијата содржи  маси, столици, декорација за ѕидови и полици.

Секој дизајн е креиран во различни форми како цилиндер, коцка, круг или квадрат. Боите се ограничени, претежно основни и затоа доминираат црвена, жолта, сина, црна и бела боја.

Обоената смола е направена со различни нивоа на заситеност, со непроsирен финиш за жолтите и црвените предмети, како и проѕирен финиш за сината.

Според дизајнерката, колекцијата е наменета како “студија за едноставноста”. “Самата колекција функционира како градежни блокови, едно парче може да стои самостојно, но и целиот простор може да се креира и пополни со оваа колекција”, изјави дизајнерката.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГрадови чија популарност расте неверојатно!
Следна објаваFENDI CASA новитети на саемот IMM COLOGNE 2018!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР