Внатрешниот дизајн во домот, зборува многу за својот сопственик.

Ако сакате вашиот  ентериерот да изгледа софистицирано и со стил, морате да посветите поголемо внимание на најпопуларните стилови за секоја сезона.

За да го направите тоа, едноставно читајте и следете ги трендови во дизајнот на ентериерот за 2018 година.

Пролет: пастелни бои и цветни мотиви

Ако сакате вашиот дом да ја одрази целата убавина и свежина на пролетната сезона, ќе треба да дознаете повеќе за најголемите и најдобрите стилови за следните месеци.

Хит бои: очекувајте насекаде, пастелни тонови и пудреста розова да доминираат за време на пролетта, но не се изненадувајте кога ќе најдете и на меките тонови на нането.

Пролетни мотиви на цвеќиња ќе бидат во тренд и присутни во домот, на sидовите како и на мебелот.

Лето : Сезонски бои – сина, тиркизна, црвена … материјали со морски цртежи и  крајбрежни отпечатоци, ќе се најдат на ѕидовите и мебелот во многу домови.

Есен: рустични и топли тонови

Цврсти материјали и текстури, ќе создадат природно и удобно опкружување кое е идеално за есенската сезона. Затоа, вклучете дрво, тули и тешки материјали во вашиот ентериер, оваа есен.

Рустикалната галантерија, исто така, е популарна кај дизајнерите на ентериери, бидејќи ги користат топлите тонови и уметничките изработки од дрво .

Зима: луксузен стил и инспирација од различни земји

Богати и интензивни нијанси, ќе владеат во дизајнот на енетериерите во зимата 2018.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКулинарска работилница, Design Thinkng & Jumping Clay… и оваа недела очекувајте забавни и креативни работилници за најмалите!
Следна објаваRuby Roman: Најскапото грозје во светот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР